Германија со намера за строга контрола на имигранти за т.н. социјален туризам

Од:

Германија има намера да воведе строга контрола врз имигрантите кои пристигнуваат од други членки на ЕУ и се обидуваат да ги искористат поволностите од социјалниот систем на државата. Тоа го изјави денеска германскиот министер за внатрешни работи, Ханс Петер Фридрих повикувајќи на координирани акции на Унијата.

Еврокомесарот за внатрешни работи Сесилија Малмстром нагласи дека државите – членки не дале докази дека т.н. социјален туризам е сериозен проблем.

Фридрих предложи на имигрантите од европските држави во Германија кои користат поволности од социјалниот систем, да им биде укажано „да се вратат од каде дошле“ и да им биде забрането да влегуваат на германска територија извесен период за да „не може да се вратат следниот ден“.

Во Шенген зоната нема гранична контрола, но според германскиот министер, имигрантите кои се обидуваат да се вратат во државата и за кои има забрана може да бидат идентификувани со полициски проверки. Според него, Австрија, Холандија и Данска дале поддршка за неговата идеја.

Би можело да ве интересира

Девојче од Србија до смрт ја избоде својата помала сестра во Лајпциг

Хорор во Германија, 13-годишно девојче ја уби својата седумгодишна сестра

А1он

Германија: Одобрено е ново оружје за Израел

Горан Наумовски

Експлозија во Германија: Голем број полицајци и експерти за експлозиви се на местото на настанот

Горан Наумовски

Германија: Спречен можен терористички напад во Берлин

Мицкоски: Имавме продуктивен состанок со германската Стопанска комора