ВИДЕО: „Верниците“ кршат прозорци и врати во Центар

Од:

Бранителите на Црквата се качуваат по прозорците во бараките на Општина Центар, го скршија стаклото на влезната врата и аграсивено настапуваат кон новинарите и медиумите.

Поради насилното однесување на „верениците“, кршењето врати и прозорци, седницата на која што беше присутен и градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски беше прекината.

Од Општина Центар велат дека ја предупредиле полицијата дека може да дојде до инциденти, меѓутоа, очигледно е, слабо присуство на полицијата, а дел од нив седат и на клупите, надвор од дворот на Општина Центар.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ инсистираат Жерновски да им се обрати на насобраните „верници“, кои инструкциите ги добиваат телефонски, како и последната дека треба да тропаат на бараката и се обидуваат да влезат внатре.

Дел од демонстрантите се познати лица од сите контра-протести кои досега беа организирани.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски