Бајден не се согласува со тројно намалената помош предложена од републиканците

Од:

Група од десетмина сенатори републиканци синоќа имаше „продуктивен разговор“ со претседателот на САД, Џо Бајден, за новиот пакет мерки за помош на населението настрадано од пандемијата. Договор сепак немаше.

Според сенаторот Сузан Колинс, средбата во Белата куќа била „одлична“, и таа се надева дека Конгресот може да додели уште еден пакет мерки.

Бајден изјави дека се надева на бипартиска поддршка во Конгресот, но тој „не се согласува со таков пакет кој не одговара на моментот“, се вели во соопштението од Белата куќа.

Бајден и неговиот потпретседател, Камала Харис, одржаа „крајно продуктивен разговор“ со сенаторите републиканци. Шефот на државата соопшти дека од нив предложениот пакет економска помош во висина од 618 милијарди долари, не одговара на предизвиците во многу области, се вели во соопштението.

Според анализа објавена вчера од S&P Global, предлогот на претседателот Бајден за борба со коронавирусот во висина од 1.9 трилиони долари може да ја обнови економијата на земјата до она ниво во кое се наоѓаше пред пандемијата.

S&P исто така направи анализа и на предлогот на републиканците во висина од 618 милијарди долари, која укажува дека и таа мерка ќе го забрза растот на економијата, но тоа ќе биде подолготрајно со многу пониска траекторија на растеж.

Слична прогноза вчера даде и Канцеларијата за буџет при Конгресот на САД, според која економската пукнатина во обемот на производство во следните четири години може да достигне 808 милијарди долари. Тоа значи дека и помалиот пакет помош предложен од републиканците, може да биде доволен за обнова на економијата.

Сепак, анализите укажуваат дека со предлогот на Бајден економијата ќе има повисока траекторија на растеж.

Во меѓувреме, конгресмените демократи ја започнаа процедурата за брзо донесување буџет кој ќе се овозможи користење на специјално сенатско правило за пакетот на Бајден да помине со едноставно мнозинство, наместо со неопходните 60 гласови. А тоа значи дека нема да бидат потребни гласови на ниту еден републиканец.

Би можело да ве интересира

Бајден ќе присуствува на инагурацијата на Трамп

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Медведев: Можеби старецот Бајден решил да го напушти овој свет и да земе дел од човештвото со себе

Катерина Ѓуровски

Синот на Трамп за одлуката на Бајден: Проклети, имбецили, сакаат Трета светска војна

Бајден одобри Русија да биде нападната од американски ракети

Горан Наумовски