Либанската армија предупреди на заговор што има за цел земјата да ја вовлече во „апсурдна војна“

Од:

Либанската армија денеска предупреди на опасноста од заговор, што има за цел Либан да го вовлече во една „апсурдна војна“ на фонот на нараснатото насилство, поврзано со соседна Сирија.

„Командата на армијата ги повикува граѓаните да внимаваат на заговори, што за цел го имаат враќањето на Либан назад и неговото вовлекување во апсурдна војна“, посочува армијата во соопштение, цитирано од француските медиуми.

Армијата предупредува, исто така, дека ќе прибегне кон примена на сила за да ги прекине појавите на насилство.

Би можело да ве интересира

Израел уби најмалку 11 лица во Либан

ВИДЕО: Трамп го именуваше свекорот на ќерка му за советник за блискоисточни прашања

Катерина Ѓуровски

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Либанската армија се подготвува да се распореди на југот од земјата по постигнување прекин на огнот

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот