Нови судири избувнаа денеска меѓусириските владини сили и бунтовниците на граничен премин во близина на Голанската висорамнина, окупирана од Израел, соопштија активисти, цитирани од ДПА.
Ова се случува само еден ден откако Дамаск соопшти дека ја поврати контролата над оваа позиција.
Опозицискиот Сириски центар за мониторинг на човековите права соопшти дека двете страни се борат во градот Кунејтра, што се наоѓа од сириската страна на Голан.
Борбите избувнале по нападите на силите на опозицијата врз режимските контролни пунктови во реонот, додаде центарот.
Телевизијата „Ал Арабија“ емитуваше кадри на кои се гледа густ чад, што се крева над реонот од тешкото артилериско гранатирање.
Двајца војници на ОН вчера беа ранети во борбите во Кунејтра, што Австрија ја натераа да соопшти дека ги повлекува своите мировнице од реонот, потсетува ДПА.