Ако имате несакани ефекти од вакцината, треба да пријавите во писарницата или електронски во Агенцијата за лекови

Од:

Доколку лицето што примило вакцина против Ковид-19 има несакани реакции од вакцината, истото треба да ги пријави електронски на веб-страницата на Агенцијата за лекови (МАЛМЕД) или пак да оди во писарницата во МАЛМЕД или во Институтот за јавно здравје и во пишана форма да достави дека има одредени нус-појави, стои во Националниот план за Ковид-19 вакцинација во Република Северна Македонија.

Што значи ова во однос на лицата кои евентуално би имале нагли алергиски реакции или други нус-појави на вакцината, која се уште ја немаме во земјава, останува непознато. Во поглавјето за „несакани ефекти“ не е прецизно кажано каде ќе можат граѓаните итно да се обратат доколку се соочат со нус-појави од вакцинацијата.

Дополнително, покрај пријавување до Агенцијата за лекови и медицински средства, здравствените работници треба да пријават несакана реакција од вакцината како поствакцинална компликација после имунизација, согласно Правилникот, стои во Националниот план.

Процесот на евиденција и следење на вакцинацијата против Ковид-19 ќе се одвива преку „Мој Термин“, а закажувањето на вакцинацијата ќе се врши од страна на матичен лекар (прва доза) и од страна на тимовите за вакцинација (втора доза). Закажувањето ќе се врши само за оние лица кои потврдиле интерес за вакцинирање и немаат контраиндикации за истото.

„Со оглед на фактот што првично ќе пристигнат мал број на вакцини и специфичниот начин на чување и транспорт, во првата фаза вакцинацијата ќе се спроведува во постојните вакцинални пунктови во здравствените домови“, пишува во планот.

Приемот на вакцината ќе се врши на Меѓународниот Аеродром Скопје како едно од влезните места, но не се исклучува вакцините да пристигнат и по земјен пат на еден од граничните премини. По пристигнувањето на граничен премин Царинската управа обезбедило забрзана процедура за спроведување на царинската постапка. Вакцините ќе бидат дистрибуирани до централното место на чување. Транспортот и чувањето ќе се врши според воспоставените механизми од страна на Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Русија разви вакцина против новите варијанти на коронавирусот

Катерина Ѓуровски

Германец примил 87 вакцини против ковид

Војската на САД работи на моќна супер-вакцина против коронавирус

Четвртата доза ја зголемува заштитата од тешка форма на Ковид-19 за трипати покажува израелска анализа

Досега во светот се администрирани повеќе од девет милијарди вакцини против Ковид