ВИДЕО: Демонстрантите се обидоа со сила да влезат во Центар

Од:

Демонстрантите организирани од здружението „Веритас“, по вербална расправија на влезот во Општина Центар, влегоа во дворот на општината, извикувајќи „Неверници“, „Господ ќе е казни“, „Предавници“.

Жителите на Центар ги обвинија демонстрантите дека не се ни од Општина Центар, туку дека се организирани од повеќе скопски населби, на што возвратија дека Центар бил на сите граѓани и затоа се тука.

– Кој ве лаже дека ќе се урива црквата и кој ве злоупотребува, прашуваа дел од жителите на Центар.

Демонстрантите возвратија дека се сигурни дека црквата ќе биде урната, иако градоначалникот Андреј Жерновски досега немаше спомнато такво нешто. Во ниту еден документ кои се доставени на седницата на општина центар никаде не пишува или е предвидено уривање на црквата. Според тоа од општината сметаат дека демонстранитите се изманипулирани дека Жерновски сакал да ја урива црквата.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила