Санкционирани 164 возачи во Скопје, 28 за брзо возење

Од:

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден само на територијата на град Скопје биле изречени 164 мерки.

Од изречените казни, 24 биле за возење без возачка дозвола, 28 санкции за непочитување на брзината на движење, седум за управување под дејство на алкохол, 10 мерки за нерегистрирани и технички неисправни возила, две за поминување на затворен семафор (црвено светло), три мерки за користење на мобилен телефон, пет за некористење на сигурносен појас и 24 за непрописно паркирање.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ