По долго боледување завчера почина Борис Ноневски, политиколог, социолог на културата, истакнат проучивач на кинематографската и историјата на фотографијата на нашите простори и поранешен директор на Кинотеката на Македонија.
Роден е во 1948 година. По завршувањето на Факултетот за политички науки во Белград, работи во Институтот за социолошки и политичко – правни истражувања во Скопје. Од 1976-та е пак, во Белград, како уредник во списанието „Социјализам“, се до 1985 – та кога е избран за директор на Кинотеката на Македонија, а во 1993 – та го организираше Меѓународниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола. Деновиве француската влада му додели високо одликување.
Како нејзин втор директор, Ноневски македонската Кинотека ја унапреди во сите делови на кинотечната активност: зачувувањето на филмското наследство на македонските филмови од браќата Манаки и последоватлните кинематографи, во афирмацијата на тоа наследство, зачленувањето во мешуанродните филмско-кинотечки установи, во организирањето научни симпозуми со регионален опфат и објави на книги посветени на делата на повоената македонска кинемаографија, стручното учество на фестивлот на филмската камера во Битола посветен на браќата Манаки.
Автор е на голем број единствени истражувачки прилози и книги, а зад себе остави и неколку завршени, сѐ уште необјавени книги.
Погребот на Борис Ноневски се одржа вчера во родниот Претор.