Флорида: Пијан управувал со авион

Од:

Судот во Тампа, во американската држава Флорида покрена обвинение против дваесет и осумгодишниот Филип Лавоа, пилот на приватен авион, бидејќи управувал со летало во алкохолизирана состојба.

Во обвинението се наведува дека поради присуство на 0,27 промили алкохол во крвта, во декември изгубил контакт со контролната кула додека летал од Флорида кон Северна Калифорнија.

Дежурните во контролата забележале дека авионот чудно се однесува и одстапува од својот пат.

Инспекторите тврдат дека Лавоа бил во видно алкохолизирана состојба и дека се смеел по слетувањето.

Адвокатот Самер Голдман изјави дека неговиот клиент доброволно се пријавил на третман за одвикнување од алкохол.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Над 1.300 откажани и 414 одложени летови во САД

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху