ВИДЕО: Повеќе од 3000 приврзаници на Навални приведени на протестите во Русија

Од:

Повеќе од 3.000 лица се уапсени на денешните протести во Русија за поддршка на опозицискиот лидер Алексеј Навални, соопшти невладината организација ОВД-Инфо.

Според ОВД-Инфо, 844 од апсењата се извршени во главниот град Москва.

Протести беа организирани низ цела Русија, во 11 различни часовни зони.

Руската полиција распореди голем број полицајци денеска и го блокираше пристапот до центрите на неколку градови поради нови демонстрации низ Русија со барање за ослободување на Навални.

Руската полиција ја приведе и Јулија Навалнаја, сопругата на Алексеј Навални, за учество во неодобрен протест во Москва објавија приврзаниците на Навални на социјалните мрежи.

Навалнаја беше приведена на сличен протест минатата недела.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Италијански Ф-35 и руски Сухој на работ на инцидент над Балтичкото Море

ВИДЕО: Нов напад на Русија

Предраг Петровиќ

Фицо го навреди Зеленски, но ја пофали Русија: Оди наоколу и моли, Русите никогаш не не излажале

Предраг Петровиќ

Украина: Поради непријателски напади, некои наши позиции се уништени

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Украински беспилотни летала погодија две станбени згради во регионот Тамбов, има повредени