Пердју: Македонија е суверена држава и веќе не треба да се вознемирува и командува

Од:

Северна Македонија е суверена држава и веќе не треба да се вознемирува или командува, ова во интервју за Бугарското национално радио го изјави поранешниот амбасадор на САД во Бугарија, Џејмс Пердју, кој беше и еден од посредниците во преговорите за Охридскиот договор.

-Верувам дека е во интерес на Бугарија да биде чувар за каузата на Република Северна Македонија да дојде до членство во ЕУ. Колку на некои луѓе да не им се допаѓа, тоа е суверена држава и веќе не треба да се вознемирува или командува, откако веќе го реши спорот за името со Грција. На Република Северна Македонија и на Бугарија многу повеќе им прилега да бидат блиски сојузници отколку да се караат околу историјата, рече Пердју.

Тој додаде дека „Русија одлучи да го претвори Балканот во зона на стратешка битка за влијание со САД и нивните сојузници“.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нема да има уставни измени без гаранција за правата на Македонците во Бугарија и без потврда дека ова е последна отстапка

Бугарија го оспорува Акцискиот план за малцинства затоа што бил на македонски јазик, вели Мицкоски

Мицкоски повтори дека нема намера да го менува Уставот без гаранции од Европската унија

Вајц се надева дека земјава по локалните избори ќе ги направи уставните измени за внесување на Бугарите

Изјавите на словачкиот претседател за Македонија ја налутија Софија

Муртезани: Кај премиерот и Владата постои сериозна одлучност за надминување на спорот со Софија по изборите

Катерина Ѓуровски