Teaтарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ вечер отвара со „Архелаос“

Од:

Со претставата на Драмски театар „Архелаос“ од Јордан Плевнеш во режија на Владо Цветановски, вечер, во Прилеп ќе биде отворео 48. издание на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“.

На свеченото отворање на фестивалот во Домот на културата „Марко Цепенков“ ќе му биде доделена и наградата за животно дело на режисерот Љубиша Георгиевски.

Вкупно 13 претстави на македонските професионални театри до 14 јуни ќе се натпреваруваат за престижната фестивалска награда – најдобра претстава во целина.

Публиката ќе ги види претставите „Змејовата невеста“ на прилепскиот театар, „Малограѓанска свадба“ на охридскиот, „Духот на слободата“ на кумановскиот, „Женидба“ на театарот „Комедија“ од Скопје, потоа претставата „Гнида“ на тетовскиот театар, „Не чукај блиску до срцето“ на струмичкиот, „Парови“ на штипскиот театар, претставата „Изгубени германци“ на МНТ од Скопје, „Шекспир во приказни“ на турскиот театар, „Травничка хорника“ на битолскиот, „Прст“ на албанскиот театар и претставата „Ноќите во бел сатен“ на театарот од Велес. Фестивалот ќе понуди и осум претстави во придружната програма.

Според уметничкиот директор Петар Темелковски, македонските театри имаат што да понудат меѓу двата фестивала. Освен тоа, подмладените ансамбли во повеќето од нив, гарантираат нова свежина, квалитет и висок степен на уметност.

Вечер пред свеченото отворање, ќе бидат отворени и две изложби. Едната скулптури од Никола Смилков, а другата е ретроспективна изложба на ликовната колонија Де Ниро.

На фестивалот ќе биде промовирана и монографијата за актерот и професор Кирил Ристоски, а предвидена е и трибина на темат „Театарот–митска матрица на Македонија“.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“