(ВИДЕО) Скопјани со автобуси кон Врање по евтино пилешко: Имуни сме веќе на короната нема што да се плашиме

Од:

Со автобуси, преку неколку туристички агенции скопјани утрово се упатија на шопинг во Врање , во новоотворениот „Лидл“ во потрага по евтино пилешко месо и копани. Патниците кои се качија во автобусите за Врање не сакаа да зборуваат пред камера, но велат дека за 350 денари билет и за неколку часа пат, им се исплати да поминат еден ден на шопинг во новоотворениот маркет каде што имало многу поевтини продукти од тука.Една од жените која се качи во автобусот за Врање, кажа дека пилешкото месо се продавало по 150 српски динари и дека целта и била да купи цела кутија ако најде на залиха.

Покрај оние кои се упатија за Врање, дел од граѓаните заминаа и за Косово, во градот Урошевац , а ќе пазарувале во шопнг мол каде цените биле прифатливи за македонски услови. Велат сакале и тие да одат во Врање, но во последен миг им кажале од агенцијата дека картите се распродадени па им останала само оваа опција.

„ Не знаеме што има таму, дали ќе најдеме нешто поефтино да купиме и да донесе, но и да не се случи тоа, барем ќе прошетаме, доста време бевме затворени во изолација. Од корона нема што да се плашиме, веќе имуни станавме, готово е“, изјави еден скопјанец кој замина на патување во Косово.

“Во автобусот нема гужва, се седи на растојание, мислам дека ќе бидеме околу 20 патници, така што не е пробелм. Сега пандемија е точно, но веќе се навикнавме , мора да живееме некако“ додаде уште еден од патниците на шопинг турата.

Освен шопинг турите за Врање, денеска организирани тури со патници од четири автобуси од пред „Бит Базар“, заминаа на еднодневен излет до Попова Шапка. Превозникот кој го организира патувањето за „А1он“ изјави дека тие не се кријат дека носат патници и дека понуата им е актуелна веќе два месеци.

„Се држиме до протоколите, возиме со капацитет од 50% проценти , сите се со маски и нема никаков проблем. Туристичките агенции мора некако да преживеат, знаете дека во услови на пандемија претрпевме големи загуби. Нема што да се криеме или да негираме, освен овој еднодневен излет, ние организираме и шопинг тури до Истанбул , нашите клинети знаат за понудите кои јавно ги објавуваме на нашите страни на социјалните мрежи“, велат од туристичката агенција “Беса Транс“.

Шопинг турите во соседна Србија, станаа примамливи за граѓаните откако неодамна се укинаа задолжителните ПЦР тестови за влез во државата. Со олеснетите услови за патување, македонците се впуштија во оваа викенд шопинг авантура при што српските медиуми информираа дека хипер маркетот на „Лидл“ буквално е под опсада од нивните соседи од Макеоднија.

Би можело да ве интересира

Два земјотреса кај Врање

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Во Врање по масовна тепачка ранети се тројца насилници

Горан Наумовски