Општина Карпош ќе субвенционира 50 проценти од трошокот за ужинки за основците

Од:

Општина Карпош ќе субвенционира 50 проценти од трошоците за ужинки за основците кои посетуваат настава со физичко присуство.

На овој начин, велат од Општината, ќе се покрива 250 денари од трошокот, а останатите 250 денари ќе бидат обврска за родителот/старателот. Субвенцијата се однесува на второто полугодие од оваа учебна година, како и за учебната 2021/2022.

Оваа одлука, како што информираат од Општина Карпош, била донесена на вчерашната седница на Советот на Општината. Вкупната вредност на мерката за субвенционирање на ужинките е 3.600.000 денари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Левица: Општина Карпош ќе плати 2,4 милиони евра за експропријација на улица која не постои

Перински: Потегот на Струмица и Карпош не е решение, најмногу губат граѓаните

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот на Струмица најави дека општината го напушта ЗЕЛС

Катерина Ѓуровски

Николоски предлага со специјални закони да се забрани градењето во Центар и Карпош

Катерина Ѓуровски

Општина Карпош демантира дека издала одборение за забавниот парк кај „Борис Трајковски“

ВИДЕО: „Дивиот“ забавен парк кај „Борис Трајковски“ ќе биде отстранет