Скопскиот дувачки квинтет вечер ќе одржи концерт во Македонскиот културен центар во Њујорк, САД.
На програмата ќе бидат изведени дела од Хајдн, Фаркаш, Џамбазов, Бизе, Гершвин и Смокварски со познатото “Тешкото”.
Настапот е целосно поддржан од страна на Министерството за култура на Република Македонија како проект од особен интетес за културата на Република Македонија.