„Black Lives Matter“ со номинација за Нобелова награда за мир

Од:

Антирасистичкото движење „Black Lives Matter“ е номинирано за Нобелова награда за мир во 2021 година, објави „Гардијан“.

Норвешкиот пратеник Питер Еиде ја оправда номинацијата со фактот дека движењето ги натера не само САД, туку и другите земји да обрнат внимание на проблемот со расизмот во нивните сопствени општества.

„Верувам дека еден од клучните проблеми со кои се соочуваме, не само во Америка, туку и во Европа и Азија, е продлабочување на конфликтот заснован на нееднаквост. „Black Lives Matter“ стана многу важно глобално движење за борба против расната неправда. Активистите постигнаа огромен успех во подигањето на свеста за расната неправда“, наведе Еиде.

Движењето беше основано во 2013 година откако афроамериканецот Трејвон Мартин беше застрелан смртоносно, а убиецот остана неказнет.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нобеловата награда за мир за јапонската организација Нихон Хиданкио за кампањата против нуклеарнто оружје

Затворената иранска активистка Наргес Мохамади е добитничка на Нобеловата награда за мир

Добитници на Нобеловата награда за мир: На светот му треба независно известување

А1он

Тихановскаја, Тунберг и Репортери без граници фаворити за Нобеловата награда за мир

А1он

Одложено врачувањето на Нобеловата награда за мир поради рестриктивните мерки во Осло

Жарко Настоски

Владимир Путин е предложен за Нобелова награда за мир

Жарко Настоски