Донација за АРМ од Обединетото Кралство

Од:

Армијата на Република Македонија (АРМ) денеска ќе добие донација во вредност од 10.000 фунти од Обединетото Кралство. Донацијата, чие примопредавање ќе се изврши во Центарот за странски јазици во касарната „Илинден“ во Скопје, се состои од учебници за систематско изучување на англискиот јазик, дополнителни материјали и друга стручна литература за збогатување и унапредување на наставата по тој јазик.

Со донацијата припадниците на АРМ ќе имаат можност да следат современа настава по англиски јазик од учебници, ЦД-а и разни други изданија, кои се дел од програмите на престижните универзитети во Обединетото Кралство, како што се Кембриџ и Оксфорд.

Министерството за одбрана соопшти дека во иднина, наставата по англиски јазик, припадниците на АРМ ќе можат да ја следат и со помош на Смарт Боард (Паметна табла), со што покрај нејзиното осовременување, таа ќе се изведува интерактивно. Со модерните софтвери, слушателите на оваа настава ќе ја имаат главната улога, а наставникот само ќе ги насочува.

Литературата и опремата ќе бидат распоредени во десет различни училници на Центарот за странски јазици низ гарнизоните на АРМ.

На церемонијата за доделување на донацијата е најавено присуство на министерот за одбрана Талат Џафери, началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија Кристофер Ивон, одбранбеното аташе и претставници на амбасадата на Обединетото Кралство, како и високи претставници од МО и ГШ на АРМ.

– Со донирање на учебниците и дополнителната опрема за изучување на англискиот јазик, ќе се олесни наставата по англиски јазик, како еден од клучните фактори за остварување на интероперабилноста со НАТО, каде еден од службените јазици е англискиот.

– АРМ има развиено одлична билатерална соработка со Вооружените сили на Обединетото Кралство, која освен на полето на јазичната обука е развиена во делот на обуката, вежбите и военото образование. Во прилог на ова говори и повеќегодишниот заеднички настап во мисијата ИСАФ во Авганистан, соопшти Министерството за одбрана.

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната