СДСМ: Пописот е важен за развојот на државата, безидејното ВМРО-ДПМНЕ пак ги лаже граѓаните

Од:

„Целта на пописот што ќе се одржи напролет е да ја утврди реалната слика во државата, да прибере релевантни и кредибилни податоци, врз чија основа ќе се креираат реални стратегии и развојни политики во државата.

ВМРО-ДПМНЕ е против напредокот на оваа земја, а сега тоа го потврдува со обидите да го политизира пописот, за своите партиски агенди и се фокусира на измислици и критики“, велат СДСМ.

„Со повиците за бојкот на пописот и најавите за собирање потписи за поништување на законот за попис, ВМРО-ДПМНЕ ги манипулира граѓаните. Ако во некое место се попишат помалку граѓани од реалната бројка, опозицијата ќе биде виновна ако заради тоа не се изгради болница, градинка, игралиште, ако некој инвеститор не отвори работни места, бидејќи смета дека нема доволно работна сила.

Најавата за собирање на потписи против законот за попис на ВМРО-ДПМНЕ е неискрена, бидејќи само со потписи не се става законот надвор од сила, туку треба нов закон.

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и неговиот шеф Груевски се против интересите на граѓаните и на државата, не сакаат ова земја да успее, но нивните деструктивни политики уште еднаш ќе бидат поразени, како што беа на шестте последни изборни соочувања со граѓаните.

Од една страна изразуваат сомнеж во уште неодржан попис, од друга страна во 2011 година, со неуспешниот обид, покажаа дека не се кадарни да организираат попис.

Оваа пролет по цели 19 години во државата ќе се спроведе најобемната статистичка операција според сите меѓународни стандарди, во интерес на напредокот на граѓаните и на државата“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да каже дали Филипче е во Дубаи и по кој основ се стекнал со златната виза

СДСМ по изјавата на Бране Петрушевски: ВМРО-ДПМНЕ донесе закон со кој се намалија казните

Спасовски: Законот за Кочани беше можност да покажеме единство, солидарност и промена на системот

СДСМ: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени