Сопругот на британската кралица Елизабета Втора, принцот Филип денеска е пренесен во болница за операција, соопштија лондонските медиуми повикувајќи се на соопштение на Бакингемската палата.
Операцијата на 91-годишниот принц ќе биде направена по серија испитувања. Повеќе детали за причините не се дадени.
Принцот Филип се очекува да остане во болница до две недели.