До Државното обвинителство на Хрватска (ДОРХ) поднесени се 27 пријави за сексуално злоставување, малтретирање и други форми на несоодветно однесување на Академијата за драмски уметности во Загреб, јави ХРТ.
Според хрватскиот јавен сервис, засега три актерки изјавиле дека сакаат да соработуваат со Државното обвинителство, но повеќето пријави сè уште се анонимни.
Се работи за кривични дела извршени од средината на 90-тите години до денес.
Деканката на Академијата, Франка Перковиќ Гамулин, објасни дека станува збор за осуммина вработени на кои се однесуваат дел од пријавите и шест лица кои се поранешни вработени или пензионерина професори на Академијата.
– Сега е на судството да почне процедури и ние се фокусираме на внатрешна истрага. Мислам дека најдоцна до четврток едно лице ќе оддалечиме од студентите, рече Перковиќ Гамулин.