Во Париз уапсени повеќе лица за нападот врз студентот кој се наоѓа во клиничка смрт

Од:

Министерот за внатрешни работи на Франција, Мануел Валс, соопшти дека се уапсени повеќе лица, меѓу кои најверојатно и сторителот на актот со кој беше тешко повреден студентот Клеман Мерик, кој од синоќа е во безнадежна ситауција, јави дописникот на МИА од Париз.

Според полициски извори, вкупно се уапсени шест лица.

Министерот за внатрешни работи, Мануел Валс ја поздрави работата на полицијата која доведе до брзо идентификување на напаѓачите на студентот вчера вечер во близината на железничката станица Сант Лазар во Париз.

Напаѓачите според сведоците биле членови на скинед групи и симпатизери на крајната десница, кои претходно предизвикале тепачка со симпатизери на крајната левица.

Студентот од синоќа е во безсознание и според болницата е во клиничка смрт. Агресијата отвори дебата во Франција за потребата од забранување и распуштање на овие крајно десни неонацистички движења.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт