Владата останува посветена на спроведувањето на Договорот од Преспа

Од:

Владата на Република Северна Македонија останува посветена на спроведувањето на Договорот од Преспа, кој го отвори патот на интеграцијата на земјата во НАТО и во ЕУ, изјави денеска на прес-конференција владиниот портпарол, Муамет Хоџа

-Има две странки во овој Договор, македонската и грчката. Тие се фокусирани на сите обврски кои произлегуваат од ваквиот Договор. Формирана е соодветна Комисија во рамки на двете влади. Соодветната комисија работи во текот на оваа година, моментот кога тие ќе имаат договор или ќе имаат заеднички заклучоци за ова јавноста ќе биде известена. Но, за целата процедура немаме ниту една пречка, имаме комуникација меѓу двете влади, меѓу двете комисии, немаме пречки, комуникацијата е постојана. Се надеваме дека за сите отворени прашања наскоро ќе имаме договор, изјави Хоџа.

Одговорајќи на новинарско прашање, портпарол Хоџа нагласи дека Владата на Република Северна Македонија не сака да се впушти во коментирање на медиумски написи.

-Со Договорот од Преспа, како и со Договорот за добрососедство и пријателство со Република Бугарија покажавме дека наша цел се добрите односи со соседите, како еден од условите за членство во ЕУ. Очекуваме континуирана поддршка од нашите соседи кои се членки на ЕУ, тие да се залагаат за наше побрзо интегрирање, истакна Хоџа.

Би можело да ве интересира

Владата одлучи: Се забранува за движење на територија на депонијата „Вардариште”

Горан Наумовски

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција на Владата

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+