Медиуми: УЕФА сè уште планира ЕУРО 2020 да се одржи во 12 градови

Од:

УЕФА има намера да биде домаќин на завршниот турнир на ЕП 2020 во 12 градови, како што беше претходно планирано, пренесува „Индипендент“.

Според британскиот весник, дури и евентуално ограничување на бројот на гледачи на трибините на 25% од капацитетот на арените нема да го попречи ова. Предлозите да се одржи турнир во една земја или мала група на земји во моментов се со мали шанси.

За потсетување, Европското првенство требаше да се одржи летото 2020 година, но беше одложено за оваа година поради пандемијата на коронавирусите.

Домаќин на турнирот ќе бидат 12 европски градови, но овој број може да се намали поради епидемиолошката состојба. Почетокот на турнирот е закажан за 11 јуни, финалниот натпревар треба да се одржи на 11 јули.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година

УЕФА го казни Партизан со 40.750 евра поради инциденти со навивачите на мечот против Лугано

УЕФА ги суспендираше Мората и Родри