За еден месец во Центар тројно повеќе инспекции од цел мандат на Тодоровиќ

Од:

Повторно нова тура инспекции во општина Центар. Денеска, повторно, две трудови инспекторки, влегле и барале податоци од уредно пријавените и вработените.

Инспекторите како да се „одомаќинија“, па така нема ден , да нема инспектори.

Вработените во шега велат, за да не се мачат и да доаѓаат и заминуваат , да им се оддели една посебна канцеларија.

Во општина Центар во овој месец дена, по победата на опозицијата на локалните избори, има тројно повеќе инспектори, отколку за целиот 4-годишен мандат на Владимир Тодоровиќ.

Градоначалникот Андреј Жерновски, посочува дека општината е отворена и ќе соработува со сите, но истовремено прашува, дали со истата динамика се вршат инспекции и во другите скопски општини. Една од инспекторките, јасно призна, дека немаат налог за да вршат инспекција во други општини.

Би можело да ве интересира

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила