Кривична пријава за две лица за организирање азиланти во ЕУ

Од:

Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против 46-годишниот Р.Д.Б. од Дизелдорф и 52-годишниот И.О. од Битола поради сомнение дека извршиле кривично дело „злоупотреба на безвизниот режим со државите членки на ЕУ на Шенгенскиот договор“.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, пријавените се приведени и изведени пред истражен судија и изречена им е мерка притвор од 30 дена.

Завчера во 11:30 часот во полициската станица на граничниот премин Табановце, на излез од државата е задржан Р.Д.Б.  поради основано сомнение дека организирано превезува лица можни баратели на азил во државите членки на ЕУ, додека И.О. организирал превоз за едно лице од Битола до Холандија во договор со првопријавениот.

Дента, околу 11 часот на излез од Македонија се пријавиле 10 македонски државјани како пешаци, а по извршена проверка утврдено е дека тие се потенцијални баратели на азил во земјите од ЕУ, бидејќи се претставиле како фудбалска екипа.

Од извршениот разговор констатирано е дека дел од нив имале намера да заминат во Германија, а дел во Холандија со цел да бараат економски азил, а како организатор и превозник, кој ќе ги одведе до крајната дестинација за сума од 250 евра по лице го посочиле Р.Д.Б.

Тој, според досега документираните сознанија на 3-ти овој месец од Битола до Куманово превезол дел од лицата кои ги земал со  „мерцедес спринтер“, со германски таблички и ги сместил во неговата куќа да преноќат, со цел наредниот ден да ги превезе до државната граница која требало да ја поминат пеш, а тој со патничко моторно возило и нивниот багаж подоцна од српска страна да ги преземе од каде што требало да го продолжат патувањето до крајната цел.

По добиените сознанија од лицата дека во куќата на првопријавениот се наоѓаат и други лица кои требало да заминат во ЕУ за да бараат азил, извршен е претрес и пронајдени се уште седум лица, меѓу кои бил и второпријавениот.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за Фрчкоски за злоупотреби во мисијата во Њујорк

Катерина Ѓуровски

Со лажни мејлови од познати компании извлекуваат лични податоци, предупредување од МВР

Кривична пријава против поранешен началник и помошник директор во МВР

А1он

МВР: Кривична за 38-годишен скопјанец кој со нож си ја уби невенчаната сопруга

Горан Наумовски

Кривични пријави против екс вработени во МВР за злоупотреба на службена положба и овластување

А1он

Возел со 2,28 промили алкохол во крвта, бегал од полицијата