Обезбедени се средства за изработка на детален урбанистички план во општина Крушево во рамки на годишната програма за финансирање на изработка на урбанистички планови донесена од Владата на Република Северна Македонија на 16 јануари 2021- информираат од општина Крушево.
Ова е продолжение на процесот на изработка на урбанистичките планови, по тековната изработка на генерален урбанистички план и изработка на планови за селата.
„Со овие процеси го продолжуваме процесот на решавање на многу проблеми на граѓаните, но и дефинирање на приоритети како, од урбанистички аспект, да се развива општината. Владата повторно ни’ излегува во пресрет и заеднички ја унапредуваме општината“, вели градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.