Во Чешка живеат 850 стогодишници

Од:

Според податоците на Чешкиот центар за социјални грижи (ЧССЗ), бројот на долговечни луѓе, кои имаат 100 и повеќе од сто години во земјата постепено се зголемува, јави дописникот на МИА од Прага.

Како што информираше ЧССЗ, во Чешка живеат 850 стогодишни лица, од нив 712 жени и 138 мажи. Пред три години, во јуни биле евидентирани 686 лица кои веќе го прославиле својот 100. роденден.

Најстарата Чехинка е родена во 1904, додека најстариот маж една година подоцна. Географски, најмногустари луѓе има во главниот град, вкупно 144, од нив 117 жени и 27 мажи.

Демографските анализи покажуваат дека чешкото општество старее и статистичарите предвидуваат дека во средината на векот во земјата ќе има речиси 13.000 стогодишници и постари луѓе, а во 2065 година нивниот број би можело да изнесува 19.700 луѓе.

Се очекува меѓу нив и понатаму да доминираат жените. Стодишниците во Чешка, од нивниот 100-ти роденден добиваат пензија зголемена за 80 евра.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица