Холандија: Кафулиња ќе добијат отштета поради марихуана

Од:

Судот во Хаг и наложи на холандската влада да им исплати отштета на сопствениците на кафулињата кои имаат право да продаваат марихуана, поради претрпената штета од примената на владините мерки за сузбивање на т.н. наркотуризам.

Одлуката на хашкиот суд е најново решение за долготрајните судири помеѓу холандската влада, која бара кафулињата да продаваат марихуана само на локалното население, додека сопствениците на тие угостителски објекти инсистираат да им биде дозволена продажба на лесни дроги на сите потрошувачи.

Во пресудата се додава дека останатите чекори се со цел да се спречи странци да купуваат лесна дрога во Холандија, пренесе „Асошиејтед прес“.

Од 1-ви мај во холандските покраини Зеланд, Северен Брабант и Лимбург , марихуана и хашиш не смеат да им се продаваат на странци.

Нив може да ги добијат само полнолетни Холанѓани, иако е познато дека во пограничните области и во Амстердам илјадници странци доаѓаат особено за време на викендите , поради правото на легално конзумирање на лесни дроги.

Во државата од 1976 година со закон е дозволено поседување и конзумирање на пет грама марихуана, која што се продава во кафулињата кои имаат дозвола за тоа, додека забранети се производството и продажба на големо.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина