ВИДЕО: Демонстрантите против полицискиот час оставија хаос низ холандските градови

Од:

Цела ноќ полицијата и пожарникарите го расчистуваа хаосот на улиците во холандските градови предизвикан од протестите против полицискиот час воведен во земјата.

Претходно холандската полиција употреби водени топови за разбивање на протестите организирани поради ограничувачките мерки против коронавирусот во центарот на Амстердам и уапси повеќе од 100 лица поради фрлање камења и употреба на пиротехнички средства.

Протестот се случи еден ден откако Владата воведе ноќен полициски час, првпат по Втората светска војна.

Меѓу демонстрантите имаше и сопственици на ресторани кои се спротивставуваат на „заклучувањето“.


Протест се одржа и во саботата вечерта, кога беа уапсени 25 лица низ целата земја и беа изречени 3.600 казни за кршење на полицискиот час.

Полицијата во Ајндховен исто така употреби водени топови и солзавец против стотици демонстранти и предупреди да се избегнува центарот на градот.

Во саботата вечерта, во текот на првата вечер од полицискиот час, демонстрантите запалија лабораторија за тестирање на коронавирусот во холандското рибарско село Урк и фрлаа петарди.

Би можело да ве интересира

Холандски суд го отфрли барањето за укинување на ковид-пропусниците

Од недела за Македонците влез во Холандија со сертификат за вакцинација, негативен тест и карантин

Катерина Ѓуровски

Делта-сојот стана доминантен во Германија и во Белгија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Холандија се враќа во нормала, отворени музеите, театрите и рестораните

Училиштата и фризерските салони во Холандија повторно отворени, полицискиот час останува

ВИДЕО: Хаос во Амстердам поради новите мерки, полицијата со водени топови ги растера демонстрантите