Во Липково санкционирани 48 возачи

Од:

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово денеска спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачите што не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи на територија на општина Липково.

-Санкционирани се 48 возачи, од кои 35 за возење со брзина над дозволената, а пет за возење без возачка дозвола. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли во сообраќајот. Апелираме до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност на патиштата, апелираат од МВР.

Засилена акциска контрола во оваа општина имаше и вчера и беа санционирани 56 возачи.

Би можело да ве интересира

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ

Снег во Дебарско, прекини во снабдувањето со струја