(ВИДЕО) Спасовски: 1563 тимови се ангажирани во ажурирање на членството, процесот финишира на 21 март

Од:

„Социјалдемократскиот сојуз и Владата на СДСМ работат за доброто на граѓаните, спроведуваат проекти којшто ќе претставуваат напредок за општеството, основа за иден развој меѓутоа со менувањето на општеството, со менувањето на државата секако неминовна потреба е да се менува и партијата.

И токму заради тоа Социјалдемократскиот сојуз како одговорна, како победничка партија, како партија којашто има визија како треба да се развива државата одлучи да прави чекори којшто ќе значат и промени во демократизацијата на самата политичка партија“, рече Оливер Спасовски, потпретседател на СДСМ.

„Токму затоа со промените на Статуот за прв пат, за да покажеме на дело и да направиме чекор напред во демократизацијата ќе избираме претседател на СДСМ на непосредни избори. Затоа е потребно да се изврши ажурирање на членовите на СДСМ и токму денеска во Охрид во партиските простории сум тука да разговараме во однос на процесот за ажурирање на членството.

Во монетот имаме 1563 тимови на територијата на земјата коишто работат во 74 општински организации коишто ќе ги посетат домовите на нашите членови по сите стандарди и по сите здравствени протоколи во оваа Ковид криза.

Денеска на таа тема разговаравме и во општинската организација на СДСМ во Охрид каде во тек е реевиденција на членови на партијата и на тој начин да покажеме дека ако можеме самите да се демократизираме, ние имаме капацитет да правиме демократизација и на институциите на општеството.

Затоа ги повикувам сите членови на СДСМ во Охрид да пристапат кон ажурирање на своето членство, да ја добијат својата електронска картичка за членство, а воедно остануваме отворени и за секој еден којшто сака да пристапи кон Социјалдемократскиот сојуз, да пристапи кон овие наши идеи, којшто споделува заеднички ставови за иднината на нашата држава, исто така то може да го направи во целиот овој период и по ажурирањето очекуваме дека на 21 март членовите ќе гласаат за избор на новиот претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Важен процес, процес во којшто сите ние активно се вклучуваме и процес на којшто ќе бидеме горди заради тоа што претставува основа за идниот развој и на партијата и на државата“, изјави Оливер Спасовски, потпретседател на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“