Во Холандија прв пат по 75 години воведен полициски час: Казна од 95 евра за секој што ја прекршува оваа мерка

Од:

Викендов, за прв пат по 75 години во Холандија беше воведен полициски час со цел да се запре ширењето на коронавирусот во третиот бран.

Според одлуката на владата, за граѓаните беше воведено ограничување на движењето, од саботата во 21 часот до недела во 4,30 часот.

Улиците на холандските градови беа целосно празни, првпат по Втората светска војна. Таа мерка ќе биде на сила секој викенд до 9 февруари, пренесуваат странските медиуми.

Секој којшто ќе биде фатен на улица во тоа време, ќе мора да плати казна од 95 евра.

Би можело да ве интересира

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина