Снежна војна на монасите од Света Гора

Од:

Монасите од Света Гора излегоа на снег, а на социјалните мрежи се појавија фотографии од нивната снежна војна.

Прават топки и се маваат едни со други, додека околу нив се уште паѓа снег. Фотографиите се објавени вчера попладне, а денес ги пренесе отец Бобан Митевски од МПЦ.

Објавата со објаснување „Монасите од Григоријат, Света Гора – вистинска детска радост“, отец Митевски го потсети на обидите да излезат на снег монасите кај нас.

„Еднаш едни пишуваа и осудуваа едни благочестиви преподобија кај нас кога направија снешко и се сликаа покрај него…. Ех тоа лицемерие! Од соборноста им е или од квазизилотизмот?“, стои во објавата на отец Митевски кој за „А1он“ објасни дека ја напишал оти го потсетила на негативните коментари кога монасите од Бигорски и од Рајчица направиле снешко и се сликале со него.

Сите коментари под фотографиите на монасите од Света Гора се со поддршка.

„Да се зачува детето во себе е една од најубавите доблести“, „Треба да ја грееме душата наша, а и на другите. Ние сме сепак деца на Бога“, се дел од коментарите.

Би можело да ве интересира

Претставници од Бигорскиот манастир иконата на Св. Георгиј Победоносец ја однесоа во светогорскиот манастир Ксенофонт

Предраг Петровиќ

Ултиматум на Украина до монасите: Напуштете ја Киевско-печерската лавра

Сите монаси во еден тајландски будистички храм користеле кристален мет

На Света Гора од Ковид-19 починале најмалку 40 монаси

Најмалку 20 случаи на Ковид-19 на Света Гора, забраната за посети продолжена до 15 април

Грција: Света Гора затворена за аџиите до крајот на февруари, викендов полициски час од 18 часот во Атина, Солун и на Халкидики

Жарко Настоски