Заев: СДСМ е прва партија каде секој член има право да го избира својот претседател на директни извори

Од:

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев вечерва објави дека го ажурирал своето членство во партијата во пресрет на изборот за партиски лидер на директни внатрепартиски избори, на 21 март, што е, вели, водство и пример што треба да се следи кога е во прашање македонската демократија.

-Денеска го ажурирав моето членство во СДСМ преку новиот систем, кој овозможува и активна регистрација. Овие денови волонтери и активисти на СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија ширум целата земја ќе пристапат до секој член, офлајн или онлајн, со цел ажурирање на членството на партијата. На 21 март членовите на СДСМ ќе бираат лидер на партијата на директни внатрепартиски избори, што е водство и пример што треба да се следи кога е во прашање македонската демократија, пишува на фејсбук Заев.

СДСМ е, додава тој, прва партија каде секој член има право да го избира својот Претседател на директни извори.

-Ги повикувам сите членови на СДСМ да го ажурираат членството, во општинските организации или онлајн и заедно да ја реализираме оваа прогресивна внатрепартиска постапка. Ги повикувам и сите поддржувачи на концептот кој ја води земјата напред кои имаат порив и желба за придонес кон развојот да пријават интерес за членство на следниот линк: https://sdsm.org.mk/zacleni-se СДСМ победува и СДСМ се менува, се подобрува, за подобро да им служи на граѓаните!, пишува на фејсбук статусот на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски