Во центарот на Москва денеска се собраа повеќе од 40.000 луѓе во знак на поддршка за упасениот опозициски лидер Алексеј Навални.
Massive crowds in central Moscow right now, chanting “All for one and one for all!” pic.twitter.com/NKIaelChO6
— Matthew Luxmoore (@mjluxmoore) January 23, 2021
Протестите, кои се забранети од руските власти, беа организирани во повеќе градови низ Русија, а некои медиуми наведуваат дека се уапсени околу 1.090 луѓе, меѓу кои и Љубов Собољ, блиска соработничка на Навални и член на неговиот адвокатски тим.
At least 1,090 have been arrested at protests around Russia against @navalny's jailing pic.twitter.com/sRp2BtOl3v
— Alec Luhn (@ASLuhn) January 23, 2021
Полицијата употребила сила на протесетите, а демонстрантите одговориле со фрлање снежни топки.
Над 200 демонстранти се приведени во рускиот Далечен исток и во Сибир, а невладината организација ОВД-Инфо, која ги следи политичките апсења, соопшти дека најмалку 48 луѓе се уапсени на денешните протести во Владивосток и Хабаровск.
Навални, најголемиот политички противник на рускиот претседател Влaдимир Путин, е уапсен на 17 јануари при враќањето од Германија на аеродромот Шереметјево во Москва, каде што пет месеци се лекувал од труење со нервни агенси.