И Иванка Трамп и Џаред Кушнер „се повлекле“ од Вашингтон, рентаат луксузен апартман во Мајами

Од:

Иванка Трамп, ќерката на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер го напуштиле Вашингтон и заминале за Мајами, каде рентаат луксузен апартман, објави денеска Си-ен-ен, повикувајќи се на свои извори.

Според извештајот, Иванка во Мајами изнајмила апартман во луксузен станбен комплекс на брегот на Атлантскиот Океан со договор на една година. Телевизијата посочува дека месечната кирија на таква недвижност е во висина од 40.000 долари.

Иванка е сопственичка на имот на елитниот остров-населба Индијан Крик во близина на брегот на Флорида, каде што таа наводно планира да изгради дом.

Иванка и нејзиниот сопруг Кушнер официјално држеа советнички места во кабинетот на досегашниот американски претседател.

Претходно, на Флорида заминаа и самиот Трамп со сопругата Меланија, сега веќе екс-првата дама на САД.

Американските медиуми известија дека по излегувањето од авионот „Ер Форс Уан“, Меланија сама продолжила кон влезот на аеродромот без да му се придружи на сопругот.

Би можело да ве интересира

Трамп: Денес е ден на ослободувањето во Америка

Горан Наумовски

Стармер: Преговорите со САД за трговскиот договор „добро напредуваат“

Баербок: Преговорите меѓу Русија и САД се во ќорсокак

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Кина е најголема закана, САД ќе ја поддржат Европа само со нуклеарно одвраќање против Русија

Али Хамнеи: САД ќе се соочат со силна одмазда ако го нападнат Иран