ВИДЕО: Катедралата во Солзбери, аеродромот во Берлин и џамија во Бирмингем сега се центри за вакцинација

Од:

Прочуената катедрала во Солзбери, Англија, деновиве започна да се користи како центар за вакцинација против ковид-19, а таа е само последната во низата познати светски градби кои привремено ја менуваат својата функција поради пандемијата.

Во Големата сала на катедралата, медицински лица им ја даваа вакцината на пациенти кои се во примарната група на лица под најголем ризик.

Низ цела Велика Британија, отворени се десетици центри за вакцинирање, а еден од нив е и во исламскиот центар „Ал-Абас“ во Бирмингем.

Според официјалните бројки, околу четири милиони луѓе примиле вакцина против коронавирусот во Британија, откако започна вакцинацијата во декември.

Во меѓувреме, и терминалот 5 на новиот аеродром Бранденбург во Берлин е претворен во центар за вакцинација. Германија неделава ја надмина бројката од 50.000 починати од ковид-19.

Би можело да ве интересира

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Русија разви вакцина против новите варијанти на коронавирусот

Катерина Ѓуровски

Германец примил 87 вакцини против ковид

Војската на САД работи на моќна супер-вакцина против коронавирус

Четвртата доза ја зголемува заштитата од тешка форма на Ковид-19 за трипати покажува израелска анализа

Досега во светот се администрирани повеќе од девет милијарди вакцини против Ковид