Русија: Уапсени уште неколкумина соработници на Навални, утре протести во 70 градови

Од:

Руските власти уапсија блиски соработници на опозицискиот лидер Алексеј Навални кои повикуваат на протести против власта на Владимир Путин, откако и самиот Навални беше уапсен на аеродромот Шереметјево во Москва по неговото пристигнување од Германија, каде се лекуваше по обидот за труење.

Портпаролката на Навални, Кира Јармиш, беше приведена во текот на ноќта откако повика на протести, соопшти таа на Твитер, додавајќи дека ќе остане во притвор девет дена. Уапсени се и координаторите на приврзаниците на Навални во Владивосток, Краснодар и Калининград.

Во околу 70 руски градови за утре се најавени протести поради притворањето на Навални и државната репресија. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков ги предупреди граѓаните да не учествуваат на тие нелегални собири.

На Навални му е изречена мерка притвор од 30 дена. Руското судство го товари за прекршување на условната казна со неговото заминување во Германија поради лекување.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел го повика денеска рускиот претседател Владимир Путин да го ослободи Навални и да се спроведе транспарентна истрага во врска со обидот за негово убиство.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија