ЛДП Охрид: Полицијата повикува на информативни разговори лица со договор на дело

Од:

ЛДП чувствува морална одговорност како партија да застане во одбрана на човековите слободи и права.ЛДП, велат, не е лицемерна во одбраната на граѓаните и затоа во никој случај нема да бидеме неми набљудувачи на состојбите.

„Службени лица во униформа од полициската станица од Охрид, одат по домовите на луѓе кои имале договори на дело со Општина Охрид и ги повикуваат на информативен разговор.Оваа слика воопшто не е пријатна за семејствата ако се има предвид дека овие луѓе само на ваков или на онаков начин, а што е најважно, во рамките на законските правила и прописи се обиделе на некаков начин да стигнат до егзистенција. Партиските вработувања се наша одамнешна и болна реалност која продолжува, за што најодговорни се политичарите а не граѓаните“, се вели во соопштението на ЛДП Охрид.

ЛДП посочува дека нема да дозволи нити еден граѓанин кој во оваа земја се бори за гола егзистенција без оглед на партиската припадност, вера или националност да биде несоодветно третиран.

ЛДП прашува зошто надлежните, во чии раце се институциите задолжени за истрага, не реагирале на време доколку увиделе дека ова е портив законски ако се има предвид дека овие договори не се никаква новина и се практикуваат од многу порано ? Меѓу другото, да не бидеме лицемерни, Договорот на дело е нешто што и новата раководна структура често го практикува.

ЛДП бара посебна внимателност во постапување со луѓето без оглед на партиската припадност, применување на законите и законските процедури како и избегнување злоупотреба на човечките судбини за добивање за политички поени дополнето со помпезни написи во медиумите.

ЛДП потенцира дека ја поддржува секоја истрага која треба да открие било каква незаконитост или злоупотреба на позиција, но сепак сето тоа да биде со почитување на човековите слободи и права.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Осуда за сквернавењето на државното знаме и одговорност за сторителите

Катерина Ѓуровски

ЛДП со посебна благодарост за основачите во Битола

Зајкова: ЛДП е фокусирана на своите политики, а не дали ќе настапува во одредено мнозинство

Зајкова: Со новиот предлог закон за платежни услуги се укинуваат неоснованите банкарски трошоци

Горан Наумовски

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш

Зајкова: Здружените напади и заканите нема да ме предомислат – ЛДП останува доследна на своите програмски принципи по кои сме препознатливи

Предраг Петровиќ