Група организирана за шверцување во градски превоз

Од:

Групата Трибус во Словачка се организира преку интернет за да олесни шверцување во градскиот превоз во Братислава. Секој член плаќа по три евра месечно, а оној кој ќе го фатат контролорите, добива пари од фондот за казни на групата.

Според локлани медиуми, се повеќе е бројот на групи кои го имитираат Трибус. Младите во Словачка хронично немаат пари, а се обидуваат да заштедат секогаш кога е можно, јави Дојче веле.

– Ние го знаеме секој контролор. И покрај тоа, мора добро да внимаваме. Нема веќе читање додека се возите, но човек се навикнува на тоа, вели еден од членовите на групата Трибус.

– Се здруживме и тоа ни дава сила. Ако некого го фатат, казната се плаќа од заедничката каса. Тоа се исплати, вели тој.

На интернет-презентацијата на Трибус не се само фотографии од контролорите туку и упатство за формирање на група за оние кои сакаат да се шверцуваат.з

Би можело да ве интересира

Словачка ја затвора Канцеларијата за врски во Приштина

Дојава за поставена бомба во катедрала во Кошице

Словачка: Дојави за поставени бомби и мини во училиштата и судовите

Горан Наумовски

Лажна дојава за бомба предизвика паника во аеродромските згради во Кошице и Попрад

Горан Наумовски

Одбиено барањето на Унагарија и Словачка за санкциите кон Лукоил

Во Словачка се отворени избирачките места за изборите за Европскиот парламент