Пристигнаа понудите на тендерот на МВР за набавка на сто возила

Од:

Четири понуди стигнале на отворениот тендер на Минстерството за внатрешни работи за набавка на 100 нови полициски возила. „Автонова“ понудила возило марка „цитроен це 1х“, „Еуроимпекс“ – „пежо 107“, „Порше Македонија“ – „шкода сити гоу“, а во понудата на „Ауто Македонија“ е „шевролет спарк“.

Според доставените понуди, цената на возилата се движи од 47 милиони денари до 65,8 милиони денари, информираат од МВР. Во цената на возилата спаѓа и дополнителна опрема, 4 резервни гуми, сервисирање од 3 години, инсталација на полициска опрема, хорни и флешери.

По отворањето на понудите, Министерството за внатрешни работи ќе отпочне со евалуација на пристигнатите понуди и ќе се работи на утврдување дали тие ги задоволуваат сите претходни услови пропишани со јавната набавка. Компаниите што ги задоволуваат тие услови ќе бидат известени за терминот за одржување на електронската аукција, на која ќе се наддаваат. Основен услов за добивање на тендерот ќе биде најниската понудена цена на јавната аукција, изјави портпаролот на МВР Иво Котески.

Во јануари годинава МВР ги презентираше новите полициски возила „шкода јети“, кои ги заменија дотраените „крајслери“.

Минатата година „Порше Македонија“ го доби тендерот за новите возила на МВР.

Би можело да ве интересира

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он