Вашингтон пост: Бајден не планира да ги затоплува односите со Русија

Од:

Претседателот на САД, Џо Бајден, не планира да ги „рестартира“ односите со Русија, како што правеа многу негови претходници по крајот на Студената војна, соопшти денеска Вашингтон пост.

Според соговорници на весникот, администрацијата на Бајден подготвува „нови мерки“ во одговор на агресивните дејства на Москва.

-Додека работиме со Русија, ние ќе работиме и на тоа таа да одговара за агресивните акции коишто ги набљудувавме во изминативе месеци и години, изјави високо американско официјално лице кое побарало да остане анонимно.

Притоа, Белата куќа планира да бара продолжување на Договорот за ограничување на нуклеарното оружје (новиот „СТАРТ“) на пет години, посочуваат два извори за весникот. Се укажува дека рокот на важност на овој договор истекува за неколку денови. Притоа, некои од помошниците на Бајден не поддржуваат продолжување на договорот на таков рок.

Истечениот договор може да предизвика Москва и Вашингтон да распоредат неограничен број на атомски подморници, бомбардери и ракетни системи по што може да започне нова трка за нуклеарно вооружување, а тоа уште повеќе може да ги влоши односите со Русија, предупредуваат некои експерти.

Администрацијата се подготвува да одговори на руската агресија во следните неколку недели откако Бајден ќе ги разгледа разузнавачките оценки побарани да се сработат од Аврил Хајнс, директор на Националното разузнавање.

Се работи за оценките за наводната руска вмешаност во изборите на САД во 2020 година, употребата на хемиско оружје против рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, распишаните руски потерници за глави на американските војници во Авганистан, како и за неодамнешниот масивни кибер напад врз државни агенции и компании, велат изворите.

Бајден вчера положи заклетва како нов, 46. претседател на САД.

Би можело да ве интересира

Бајден ја прекина испораката на оружје за Израел

Бајден е под голем притисок за продажбата на оржје на Израел, 90 демократи му напишаа писмо

Катерина Ѓуровски

Бајден на историски најниско ниво со поддршка од 38,7 отсто

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: И се заблагодари на „Чехословачка“