Грција очекува со Бајден уште повеќе да ги зајакне односите со САД

Од:

Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и министерот за надворешни работи Никос Дендиас преку нивните официјални твитер-профили упатија честитки до новиот претседател на САД Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис и изразија надеж за дополнително зајакнување на пријателството и соработката меѓу двете земји и двата народа.

Портпаролот на грчката Влада Христос Тарандилис на денешниот редовен брифинг со новинарите рече дека се надеваат на соработка и интензивно присуство на САД во регионот и додаде дека Бајден е „претседател на САД кој одлично ги познава прашањата поврзани со регионот“.

– Владата му честита на новиот претседател на САД Џо Бајден и јасно е дека сака дополнително да ги продлабочи билатералните односи во корист на двете земји и на двата пријателски народа, како и да обезбеди мир и стабилност во нашиот регион, рече Тарандилис.

Би можело да ве интересира

Бајден ќе присуствува на инагурацијата на Трамп

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски