Пратениците го изгласаа Законот за попис

Од:

Со „62 гласа“, без ниту еден „против“ и „воздржан“, пратениците во Собранието го изгласаа Законот за попис, со кој се предвидува дека оваа статистистичка операција ќе се спроведе во месец април годинава.

Покрај владејачкото мнозинство, поддршка за Законот дадоа и од албанскиот опозициски блок од Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, а ВМРО-ДПМНЕ како што најави е против законот, за кој кажа дека ќе бара негово поништување преку собирање граѓански потписи.

Дебатата за предлог-законот помина со бројни несогласувања меѓу парламентарното мнозинство и опозицијата.

ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека сега не е вистинско време за попис поради пандемијата со коронавирусот, а при тоа поднесоа и 20-тина амандмани кои не беа прифатени.

Еден меѓу предложените беше при спроведувањето на пописот да се употреби и опрема за скенирање отпечатоци од прстот.

Би можело да ве интересира

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител

Собранието ја прифати интерпелацијата за државниот обвинител Коцевски

Катерина Ѓуровски

На 29 јули интерпелација за републичкиот јавен обвинител – Љупчо Коцевски

А1он

Пратениците дебатираат за ребалансот на Буџетот за 2025 година