Се молам на Бога Бајден да успее во помирувањето во САД и во светот, порача Папата

Од:

Се молам на Бога да ги насочите своите напори за помирувањето во САД и во светот, порача денеска поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, во честитката до американскиот претседател Џо Бајден, кој денеска беше инаугуриран на највлијателната позиција во светот.

„Во оваа прилика на Вашата инаугурација како 46-от претседател на Соединетите Американски Држави, Ви испраќам добри желби и уверувањето на моите молитви дека Семоќниот Бог ќе Ви даде мудрост и сила во исполнувањето на Вашата висока функција,“ напиша Папата Франциск.

Британските медиуми наведуваат дека папата Франциск испратил порака до 46. претседател на САД веднаш по положувањето на заклетвата и изразил надеж дека Бајден ќе работи на создавањето општество со вистинска правда, слобода и почитување на правата и достоинството на секој поединец, особено на најсиромашните, најранливите и на оние кои немаат право на глас.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

(ВИДЕО) Бајден го одржа првиот говор откако ја напушти Белата куќа, веднаш го нападна Трамп

Горан Наумовски

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

(ВИДЕО) Изненадувачки потег на папата – се појави на молитва

А1он