Поднесено барање за регистрација на руската вакцина Спутник V во ЕУ

Од:

Рускиот фонд за директни инвестиции поднесе барање за регистрација на вакцината Спутник V против коронавирус во Европската унија и очекува разгледувањето на барањето да започне во февруари,

Тимови на руски производители на вакцини и Европската агенција за лекови во вчера одржаа научен преглед на вакцината.

– Повеќе од 20 меѓународни експерти и експерти учествуваа на состанокот. Препораките ќе бидат испратени до производителите на Спутник V за седум до 10 дена, рече претставникот на Фондот, пренесува ТАСС.

ЕМА ќе донесе одлука за регистрација на вакцината по серија стручни проверки.

Вакцината досега е регистрирана во Русија, Белорусија, Србија, Аргентина, Боливија, Алжир, палестинските територии, Венецуела, Парагвај и Туркменистан.

Би можело да ве интересира

ФДА ги одобри обновените Ковид-19 вакцини против сојот Омикрон БА.4 и БА.5

ЕК се подготвува за следната фаза на Ковид-19, треба да се зголеми вакцинацијата

А1он

ФДА: Сегашните вакцини не штитат најдобро од омикрон

А1он

Комисијата за имунизација во Грција препорачува четврта доза од вакцината за лицата над 60 години

А1он

Бурла: Интензивно работиме на годишна вакцина

А1он

Kараванот за вакцинирање против КОВИД-19 ќе трае уште два дена

А1он