Лидерите на земјите-членки на Европска Унија на утрешната видео конферфенција ќе разговара за солидарноста на ЕУ со трети земји за испорака на вакцините, но не се очекува конкретизација на термините, ниту колкаво количество ќе стигнат на Западен Балкан.
– Нема временска рамка за испорака на вакцините до тррети земји. Ситуацијата веќе е доволно комплицирана внатре во ЕУ поради проблеми во производството. Нашата намера е тоа да го реализираме кога и самите доволно ќе напредуваме, изјави неименуван претставник на ЕУ.
Лидерите на ЕУ утре деветтипат ќе одржат видео конференција посветена на борбата против пандемијата со Ковид-19 и нагласуваат дека земјите од Западен Балкан не треба да се сомневаат во принципот дека „ЕУ ќе биде тука за своите партнери“ и оти ќе се залага вакцините „како глобално добро да стигнат до сите на кои им се потребни“.
Додека Европска комисија пред состанокот им порача на земјите од Западен Балкан да бидат „трпеливи уште неколку недели“ за во ЕУ да се воспостави механизмот со кој ќе им се обезбеди на партнерските земји „пристап доI делот од 2,3 милијарди дози вакцини“, што ЕУ ги обезбеди преку заедничка набавка.
На утрешниот состанок ќе се разговара и за сертификатите за вакцинација.