(ВИДЕО) Колева: Почитувањето на мерките дава резултат, следува процес на вакцинација против коронавирусот

Од:

„Навремените мерки за заштита од коронавирусот, почитувањето на мерките од страна на мнозинство граѓани, како и засилените инспекциски надзори и контроли, доведоа до стабилизирање на пандемијата на ковид 19.

Уште еднаш, благодарни сме за придонесеот на сите кои учествуваат во оваа бирка со невидливиот непријател.

Бројот на новорегистрирани случаи и починати е намален, а зголемен е бројот на оздравени пациенти. Тоа придонесува за намалување на притисокот врз јавното здравство и врз болничките капацитети.

Бројот на хоспитализирани пациенти во болничките установи ширум државата е намален двојно“, рече Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.

„Ова се позитивни трендови, но сепак не смееме да се опуштиме. Напротив, сите треба да продолжиме доследно да ги почитуваме мерките за заштита од коронавирусот.

Со тоа ќе помогнеме да нема нов голем пик пред претсојната вакцинација која ни претстои.

Многу брзо ги очекуваме првите 8.000 вакцини кои се обезбедени со помош на соседна Србија, на производителот „Фајзер“.

Дополнително, во текот на следниот месец пристигаат и нови дози од вакцините така што наскоро може да започне имунизацијата.

Институциите се подготвени, следува процес на имунизација на населението, за конечна победа над пандемијата.

Преку повеќе механизми, државата обезбедува вакцинација за 1,2 милиони жители на Северна Македонија, односно за околу 60-70 отсто од вкупното население.

Вакцинацијата е последната фаза од борбата против коронавирусот.

Затоа, сега кога сме блиску до почетокот на вакцинацијата, потребно е уште малку трпение и дисциплина од секој еден од нас.

Заедно, преку почитување на мерките, да го заштитиме своето и јавното здравје, за да ставиме конечен крај на пандемијата и побрзо да се вратиме во нормалното функционирање“, изјави Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он

ЗНАМ: Квази социјалдемократот Филипче е еден од најодговорните за состојбата во СДСМ

А1он