Кривична пријава за двајца охриѓани за разбојништво

Од:

СВР Охрид денеска поднесе кривична пријава против 37-годишниот Г.П. и 37-годишниот Г.П. двајцата од Охрид, поради сомневање дека сториле „разбојништво“.

Tие, како што информира денеска портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, на социјалните мрежи поставиле оглас за продажба на патничко возило „мерцедес ЦЕ 220“ произведено 2002 година по цена од 3.500 евра и успеале да измамат брачна двојка да допатува во Охрид. Првопријавениот на 3 овој месец на автобуската станица во Охрид, по претходен телефонски договор, ја пречекал брачната двојка Р.Ѓ. и С.Ѓ. од Скопје.

– По нивната средба во Охрид, првопријавениот кој на брачната двојка лажно им се претставувал користејќи го името Сашо, ги одвел во својот стан на улицата „Мирче Ацев“ каде им кажал дека неговата сопруга за брзо време ќе дојде и ќе го донесе возилото. Ги послужил сопружниците со инстант нес кафе и со кисела вода. Набрзо тие почувствувале замаеност и зашеметеност по што се губи нивната меморија, изјави Димоски.

Сопружниците, според полицијата, не се сеќаваат кој, кога и како ги изнел од станот. Од ташната на жената биле одземени пари, 2.800 евра и 58.000 денари.

– Истиот ден, околу 18 часот и 40 минути, откако се освестил сопругот Р.Ѓ. забележал дека лежи на трева во планински предел, а позади себе ја забележал и сопругата. Од мобилниот телефон на сопругата се јавил во СВР Охрид и кажал дека не знае каде се наоѓа и дека гледа шума и езеро. По кратко време на патот во близина на местото каде се наоѓала брачната двојка се појавило возило по што Р.Ѓ. од луѓето во колата дознал дека се наоѓа во место викано „Корита“, појасни Димоски.

Брачниот пар бил пренесен во Општата болница во Охрид, каде е констатирано дека се работи за употреба на средство за успивање и забележани се траги на насилство, односно нанесени им биле набиеници во пределот на градниот кош, екстремитетите и главата.

По извршениот претрес во домот на првопријавениот, одземени се повеќе предмети кои се испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Првопријавениот е приведен, додека другото лице е во бегство поради што СВР Охрид презема мерки за негово пронаоѓање.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за Фрчкоски за злоупотреби во мисијата во Њујорк

Катерина Ѓуровски

Со лажни мејлови од познати компании извлекуваат лични податоци, предупредување од МВР

Кривична пријава против поранешен началник и помошник директор во МВР

А1он

МВР: Кривична за 38-годишен скопјанец кој со нож си ја уби невенчаната сопруга

Горан Наумовски

Охриѓанец повеќе пати силувал малолетничка, девојчето во март се породило

Кривични пријави против екс вработени во МВР за злоупотреба на службена положба и овластување

А1он